Неапол е во транс, Наполи предводен од тренерот Лучан Спалети е лидер во италијанската Серија А со 32 бода во првите 12 кола, пет повеќе од второпласираниот Милан.
Тимот на Елмас исто така заврши први во групата во Лигата на шампионите каде што беа уште Ливерпул, Ајакс и Ренџерс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По ваквите резултати, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сосема очекувано му понудил продолжување на договорот на Спалети, пренесуваат медиумите во Италија.
На искусниот 63-годишен стручњак, кој во Наполи дојде во летото 2021 година, договорот му истекува на крајот на сезоната, но во него има клаузула за продолжување и таа сакаат да ја активираат во Неапол.