Дома Топ вести Наполи користи ситуација и спрема нов атак на Икарди!

Наполи користи ситуација и спрема нов атак на Икарди!

Маури Икарди неодамна го обнови договорот со Интер и се обврза на верност кон „нероаѕурите“, а во новиот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра.

Сепак, деновите на славје за Икарди завршија многу брзо бидејќи викендов влезе во војна со навивачите, откако експлицитно ги навреди во својата автобиографија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа за време на натпреварот со Каљари фудбалерот беше предмет на вербални напади, а фановите му порачаа дека нема да се смират се додека не ја повлече книгата од продажба.

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети исто така го нападна Икарди и најави дека ќе биде казнет за тоа што искажал непочитување кон фановите.

Таквата ситуација будно ја следи Наполи, кој сакаше да го доведе Икарди уште во летниот преоден рок. Иако во договорот на играчот има клаузула од 110 милиони евра, таа не важи за италијанските клубови, па „Кориере дело Спорт“ тврди дека „наполитанците“ ќе можат да го купат напаѓачот за 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…