Дома Фудбал Лига на шампиони Наполи и Реал рутински до четвртфинале🎥

Наполи и Реал рутински до четвртфинале🎥

Наполи и Реал Мадрид се последните четвртфиналисти во Лигата на шампиони откако вечерва запишаа рутински победи против Ајнтрахт и Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако уште од првите натпревари имаа солидна предност, Наполи и Реал вечерва не дозволија изненадување и запишаа нови победи.

Реал и Ливерул одиграа возбудлив натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ со многу шанси на двете страни. Во првото полувреме мрежите мируваа, но најзаслужен за тоа беше Алисон, кој имаше неверојатна одбрана после шутот на Винисиус.

Во вториот дел Реал најпрво создаде чиста шанса преку Валверде, но Алисон повторно беше поуспешен. Сепак, Бензема во 79-та минута Бензема постигна гол, кој на крајот се покажа како конечен резултат 1:0.

Наполи запиша уште една висока победа против Ајнрахт, а херој беше Осимен кој постигна два гола, Зелински ги постави конечните 3:0. Елмас влезе во игра во 74-та минута на местото на Кварацхелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…