Дома Трансфер зона Наполи договори „кралско“ засилување

Наполи договори „кралско“ засилување

anceloti

Наполи изгледа заврши огромно засилување.

Имено, како што јавува „Sky Italia“, Хамес Родригез се согласил, ќе пристигне под договор на едногодишна позајмица со право на откуп. Неговиот мотив е повторно да работи со Анчелоти под кого играше одличен фудбал, а бидејќи нема место во Реал, важно му е да биде стандарден. Претходните две години ги помина во Минхен, Баерн не го откупи неговиот договор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од другата страна, Наполитанците не се откажуваат од Блеки Миленковиќ. Се зборува дека Фиорентина се согласила на 30 милиони евра, за да го задржи Киезе кој сака во Јувентус, но, новиот сопственик на Фиорентина, Роко Комисо ќе се обиде да го убеди младиот напаѓач да остане. Тој изјави дека Киезе нема да го продаде ниту за 100 милиони евра.

Миленковиќ би можел да биде жртвуван, тој би бил замена за Албион кој си замина во Виљареал. Од другата страна Рамадани и понатаму преговара со можно заминување на Кулибали, беше во ПСЖ, беше во Ливерпул, но Де Лаурентис не попушта, цената е 120 милиони евра и нема да попушти.

Тешко е дека некој ќе плати, па Сенегалецот најверојатно ќе остане во Наполи. За секој случај, Наполи преговара и со Манолас од Рома, преку Раиола, очигледно би можеле да ја променат комплетната стоперска линија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…