Дома Фудбал Напаѓачите „спијат“, Реал победува, Зидан предупредува

Напаѓачите „спијат“, Реал победува, Зидан предупредува

Реал Мадрид синоќа славеше на гостувањето кај Рајо Ваљекано и се одлепи на лидерската позиција во Примера.

„Кралевите“ славеа со минимални 1:0 и тоа со голот на Начо, а она што е интересно е што напапаѓачите на Реал не погодија и на овој натпревар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, цели пет натпревари напаѓачите на Реал немаат постигнато гол. Последните шест гола за „кралевите“ ги постигнаа, играчот од средниот ред Касемиро (два), дефанзивецот Рафаел Варан (два), а по еднаш погодија Лука Модриќ и Начо.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан предупреди дека нема место за еуфорија и дека сезоната е многу долга.

„Моменталниот пласман на табелата во Ла Лига не менува ништо. Сезоната е долга и тешка. Ние мора да продолжиме да го правиме она што го правиме добро. Не смееме тука да застанеме. Пред нас се уште многу предизвици, нема место за еуфорија“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготв…