Дома Останати Нант и Лазаров се враќаат на победничката патека во француското првенство

Нант и Лазаров се враќаат на победничката патека во француското првенство

Во рамки на 10. коло во француската лига, Нант на нашиот Кире Лазаров повторно се врати на победничката патека, славејќи вечерва триум на гости кај Трембеле со 33:45.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во текот на целиот меч екипата на нашиот интернационалец ја имаше контролата врз играта. Самиот старт и водството од 1:4 го оправдаа фаворитот на овој меч. На паузата се замина со резултат 16:23, а во вториот дел со рутинска игра се дојде до конечните 12 погодоци позитива за Нант, односно 33:45.

Најпрецизен на мечот беше Балагер со постигнати 10 погодоци, а нашиот Кире Лазаров се запиша како стрелец на шест погодоци од девет обиди, сите во второто полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Поранешен ракометар на ПСЖ ќе го засили Охрид

Македонскиот суперлигаш Охрид се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп каде што ќе се …