Дома Фудбал Италија Наинголан го обвини раководството на Рома и порача: Јас не сум предавник!

Наинголан го обвини раководството на Рома и порача: Јас не сум предавник!

Белгискиот репрезентативец Раџа Наиголна ова лето ја напушти Рома и премина во редовите на Интер, потег кој навивачите на римскиот клуб нема да му го простат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наиголан сега објасни дека Рома сакала да го продаде по секоја цена во клубови каде што тој не сакал да игра, па затоа избрал да се пресели во Интер.

„Заминувањето од Рома не е моја вина. Бев разочаран како клубот се однесуваше кон мене и тоа не можев да го допуштам. Направив грешки и не го кријам тоа, но клубот ми работеше позади грб. Без да ме информираат договараја трансфер во клубови каде не би сакал да играм“, објаснува Наинголан.

„Сакаа да заработат пари од мојата продажба, а јас не можев да верувам со какви клубови преговараат. Ме третираа како неважен играч, што најмногу ме повреди. Во тој момент стигна понудата од Интер и кога разговарав со Спалети веднаш ја прифатив“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави снимка: Поранешниот фудбалер на Милан бил главен организатор забави со ескорт девојки (Видео)

Теи Хернандез, левиот бек на Ал-Хилал од Саудиска Арабија и репрезентативец на Франција, е…