Се надеваше Надал дека може да заигра на еден од двата Мастерса во САД, меѓутоа очигледно ќе ја чека сезоната на земја откако дефинитивно го откажа настапот во Мајами.
Шпанскиот тенисер веруваше дека може да биде подготвен да се врати во погон за да настапи на турнирот каде што последен пат играше пред седум години. Во тој настап стигна и до финалето каде што загуби од Федерер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најавите сега се дека главна цел на Надал за настап ќе му биде „Ролан Гарос“, неговиот омилен турнир. Како подготовка би требало да настапи во Монте Карло, Барселоан, Мадрид или Рим.
Во 2024 година Надал настапи во Бризбејн кој требаше да биде подготовка за Австралија Опен, но по елиминацијата во четвртфиналето каде што одново имаше проблеми со повреда не успеа да се опорави за настап во Мелбурн.