Дома Останати Надал се врати: Закажа полуфинале со Димитров!

Надал се врати: Закажа полуфинале со Димитров!

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Австралија Опен, откако попладнево во три сета го победи Милош Раониќ, 6:4, 7:6, 6:4.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот тенисер помотивирано го започна денешниот дуел и неочекувано лесно се справуваше со силните сервиси на Раониќ. Во седмиот гем Рафа прв направи брејк и со два сигурни гема на свој сервис поведе со 1-0 во сетови.

Вториот сет ни донесе доста понеизвесен и повозбудлив тенис во кој двата тенисери не ги загубија своите сервиси и се замина во тај-брејк. Таму повторно по голема борба со 9-7 поуспешен беше Надал и заслужено стигна до водство од 2-0.

И во третиот сет се играше рамноправен тенис сè до 10. гем кога Надал можеби го одигра најдобриот гем на сервис на Раониќ и без загубен поен го освои и за првпат по 2014 година се пласира на едно полуфинале од Грен слем турнир.

Во полуфиналето Надал ќе се сретне со Григор Димитров, кој утрово беше поуспешен од Гофин, додека другото полуфинале го сочинуваат Швајцарците, Стен Вавринка и Роџер Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…