Дома Останати Надал: Прерано е да знам што ми е, морам на детални прегледи

Надал: Прерано е да знам што ми е, морам на детални прегледи

nadal

Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал поради повреда го предаде натпреварот на Австралија Опен против Марин Чилиќ.

„Навистина не знам што ми е. Прерано е за да знам. Можеби во прашање е мускулот, но не знам за што точно станува збор. Ќе морам што побрзо да направам дополнителни прегледи, по што ќе знам дали ќе треба да одам на подолга пауза“ изјави Надал.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Надал мечот на Чилиќ го предаде при резултат 0:2 и после три часа и 47 минути борба. Шпанецот изгуби со 6:3, 3:6, 7:6, 2:6 и 0:2, што за Шпанецот беше вкупно втор пораз од Чилиќ и прв после 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…