Дома Останати Тенис Надал и Федерер на ИСТА страна, очекувавте ли нешто друго освен победа? (Видео)

Надал и Федерер на ИСТА страна, очекувавте ли нешто друго освен победа? (Видео)

Легендите ги здржија силите на првиот „Лејвер куп“.

„Лејвер купот“ се игра во Прга во чест на славниот Австралијанец. Идејата е да се соберат шесте најдобри европски играчи против шестмина од останатите делови во светот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оваа прилика ја искористија двете легенди кои за прв пат во кариерата беа на иста страна и не поминаа лошо.

Надал и Федерер славеа со 2:1 во сетови, 6:4, 1:6 и 10:5. Даблот од тенисери кој заедно имаат 35 грен слемови е навистина голем спектакл сам по себе, а тие одлично се забавуваа.

Иначе, Европјаните водат со 9:3 и денес им се потребни уште четири поени за да го освојат овој турнир. Покрај Федерер и Надал, Европа на овој турнир ја претставуваат, Чилиќ, Бердих, Тием и Зверев, селектор е Бјерн Борг.

Остатокот од светот кој го селектираше Мекинро е составен од Квери, Киргиос, Изнер, Џек Скот, Тифо и Шаовалов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…