Дома Останати Надал и Квери ќе го играат финалниот дуел на турнирот во Акапулко

Надал и Квери ќе го играат финалниот дуел на турнирот во Акапулко

Шпанецот Рафаел Надал и Американецот Сем Квери ќе играат во финалето на АТП турнирот во Акапулко, Мексико.

Шпанскиот тенисер во полуфиналната пресметка на убедлив начин дојде до победата над Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:1 и 6:2.

Квери имаше потешка задача и тој во три сета го елиминира Ник Кирјос од Австралија: 3:6, 6:1 и 7:5.

Финалето е закажано за ноќта меѓу сабота и недела во 4 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП претстави план според кој во 2028 година ќе бидат распределени 350 милиони долари прек…