Дома Останати Тенис Надал за Ѓоковиќ: Ако сакаше ќе играше во Австралија без проблеми

Надал за Ѓоковиќ: Ако сакаше ќе играше во Австралија без проблеми

Рафаел Надал порача дека Новак Ѓоковиќ мора да се соочи со последиците поради тоа што донел одлука да не се вакцинира.

Ѓоковиќ добил „медицински исклучок“, но властите во Австралија не му дозволуваат да влезе во земјата поради не доволно силните докази дека не смее да се вакцинира. Така Ѓоковиќ остана без виза и во овие моменти престојува во хотелот „Парк Ројал“ кој е наменет за азиланти од различни делови од светот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Немам мислење за тоа. Мислам дека ако сакаше ќе играше во Австралија без проблеми. Донесе некои свои одлуки, секој е слободен да носи одлуки по негово лично убедување, но мора и да биде спремен да ги сноси последиците“.

„Секако дека не ми се допаѓа ситуацијата. Не некој начин и ми е жал. Сепак, истовремено, тој ги знае условите од пред неколку месеци“, изјави Надал.

На социјалните мрежи се појави и првата снимка од Ѓоковиќ во хотелот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …