Дома Останати Тенис Надал ги смири навивачите пред Австралија Опен: За пет дена ќе бидам потполно спремен

Надал ги смири навивачите пред Австралија Опен: За пет дена ќе бидам потполно спремен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги израдува своите фанови со пораката дека веројатно ќе биде спремен за Австралија Опен.

Да потсетиме, Надал го нема на терените уште од УС Опен, односно од септември, а неодамна го откажа и настапот на АТП Турнирот во Бризбејн поради повреда.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тогаш навивачите останаа загрижени поради можното отсуство од Австралија Опен, но Шпанецот сепак им донесе добри вести.

„Во прашање е ситна повреда, но може да стане сериозна. Кога го зголемите интензитетот на работа, постои огромен ризик да направите нешто лошо. Во принцип, се чуствувам подобро од претходните четири дена. Можеби за пет дена ќе бидам 100 посто спремен.“ – изјави Шпанецот.

Потоа додаде дека сака да го освои Австралија Опен.

„Се надевам дека повторно ќе го освојам Австралија Опен. Тоа е надеж и секогаш е иста. Во моменталната ситуација не можам да кажам што е реалност. Ќе видиме како ќе течат работите. Искрено, имам добро претчуство.“

Да потсетиме, првиот Гренд Слем во сезоната започнува на 14. јануари и ќе трае до 27.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…