Дома Македонски спорт Навивај, мотивираj и бодри на планинскиот маратон Водно-Матка

Навивај, мотивираj и бодри на планинскиот маратон Водно-Матка

Со големо задоволство ги повикуваме сите љубители на природата, планинари од сите возрасти, мајки, деца, пензионери и миленици да се приклучат во навивањето и бодрењето на учесниците на планинскиот маратон Водно-Матка.

Настанот „Водно-Матка Треил Маратон” е закажан за 31.03.2019, а активности на планината Водно и кањонот Матка ќе има во текот на целиот ден – од 8 до 19 часот. Чест ни е да кажеме дека на второто издание имаме над 400 натпреварувачи од 20 држави, па ред е да се покажеме како одлични домаќини и за оние од страна, но и за големиот број на нашите домашни планински тркачи, ентузијасти и волонтери на настанот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Планинските патеки каде ќе се одвиваат трките се соодветно обележани со црвено-бели ленти и патокази „Водно-Матка”. Организацијата советува до сите планинари доколку наидат на тркачи со видлив стартен број, да направат простор за минување и да навиваат.

Во прилог ви ги пуштаме точките и саатниците кога најголем дел од тркачите би минувале:

Старт 42км – 08 часот – Полиција, населба Водно

Старт 26км – 09 часот – Полиција, населба Водно

Средно Водно – 08-09:30 часот
Марково Крувче – 08:30 – 10:00
Врв Водно (ФИНИШ) – 09:00-19:00
Бункери – 09:10 – 14:30
Седло после бункери 09:30 – 16:00
Кота – 09:45 – 13:00
Кајакарски Мост Матка 10:00 – 14:30
Св. Недела, Матка – 10:30 – 13:30
Св. Никола Шишевски 10:00 – 15:30
Горно Нерези – Македонско Село 11:30 – 17:00
Полјанка над Св. Петка – 10:00 – 13:30
ФИНИШ – Врв Водно – Планинарски дом „Даре Џамбаз”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…