Дома Фудбал Лига на шампиони Навивач на Манчестер Јунајтед платил 120 евра за на „Ноу Камп“ да седи во „дупка“! (ФОТО)

Навивач на Манчестер Јунајтед платил 120 евра за на „Ноу Камп“ да седи во „дупка“! (ФОТО)

Навивачите на Манчестер Јунајтед реагираа уште пред четвртфиналето против Барселона за високите цени на влезниците кои ги одредиле Каталонците.

Барселона за гостинските навивачи одреди цена од 120 евра, што е навистина висока цена. Но, уште по неверојатно е на какво место беа сместени дел од навивачите кои ја платија цената од 120 евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ вчера доживеаа пораз на домашен терен, а после натпреварот нивните навивачи со фотографии на социјалните мрежи искажаа револт дека платиле голема сума и не добиле нешто.

Тие биле сместени во највисокиот дел, разделен со заштитна ограда и не можеа многу да го гледаат теренот.

Освен тоа Англичаните имаа жалби и дека обезбедувањето не им дозволувало да внесат вода.

„120 евра?! Каква дупка. Уште не ни дозволија ниту да внесеме вода“, гласи пораката која преку својот Твитер профил ја испрати еден навивачи на „ѓаволите“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …