Новак Ѓоковиќ денеска имаше моменти кога беше на прагот да ги загуби нервите против Алексеј Попирин, а во една таква ситуација имаше конфликт со навивач од трибините.
Австралиските навивачи очекувано даваа поддршка на домашниот тенисер, но во петтиот гем и ја поминаа границата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како одговор на провокациите и извиците од трибините Ѓоковиќ директно се обрати на еден навивач и го повика да се симне да се пресметаат.
„Дојди тука и кажи ми го тоа во лице“, му порача Новак на навивачот.
Ситуацијата потоа се смири без да се случи некаков поголем скандал, а навивачот беше принуден да престане со провокациите.
— Ricardo Kaka (@rikardons) January 17, 2024