Дома Фудбал Останато Навивачот кој со автомобил од 40 фунти патуваше на финалето во Мадрид: Вакво нешто не се заборава!

Навивачот кој со автомобил од 40 фунти патуваше на финалето во Мадрид: Вакво нешто не се заборава!

Финалето во Лигата на шампионите е големо доживување и за неутралниот навивач, а уште поубаво е чуството ако вашиот тим е дел од натпреварот за најпосакуваниот трофеј во Европа.

Оваа сезона во Мадрид играа Ливерпул и Тотенхем, а навивач на Ливерпул по име Сајмон Вилсон имаше патување до „Ванда Метрополитано“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој Англичанец имаше доволно среќа да добие влезница за финалето на лотарија организирано од сопствениците на сезонските карти, меѓутоа проблем му било да стигне до престолнината на Шпанија.

Авионските влезници се прескапи и нивната цена е околу 800 фунти, па тој одлучил да го купи автомобилот кој е најевтин. Така изборот паднал Шкода Фаворит вредна 40 фунти.

На крајот неговиот луд план му успеа и тој го проследи финалето во кое неговиот тим победи, а утрово се огласи и на друштвените мрежи.

„Искрено ќе ви кажам дека на почетокот бев малку скептичен за тоа дали ќе стигнеме до Мадрид. Веднаш на почетокот имавме мал проблем, но успеавме да го решиме. Имаше уште некои проблеми, но ништо сериозно. Го сакам Ливерпул и бев скоро на сите натпревари оваа сезона. Немаше шанси да платам 800 фунти за лет кој вообичаено е околу 50 фунти“.

„Беше тоа долго патување, но мислам дека вкупно на гориво потрошивме околу 200 фунти и на крајот ги преполовивме трошоците кои ќе ги имавме ако одевме со авион. Повторно би се одлучил на вакво патување и на сите им предлагам некогаш да се одлучат на нешто вака. Ако се пласираме во наредното финале кое се игра во Инстанбул планирам да направам нешто повеќе од ова “, изјави Вилсон.
Навивачот на Ливерпул порача дека ќе го задржи автомобилот бидејќи сега е емотивно врзан за него и тоа ќе му биде еден од поубавите спомени во животот.

„Апсолутно дека автомобилот ќе остане во моја сопственост. Сигурно ќе го возам секојдневно бидејќи сега е дел од семејството. Кога ќе го погледнам автомобилот се сеќавам на едно одлично патување и освоената титула во Лигата на шампионите“, заврши Вилсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …