Дома Фудбал Останато Навивачката лудост нема граници: Тргна пеш 22 дена за да го гледа финалето на Копа Либертадорес!

Навивачката лудост нема граници: Тргна пеш 22 дена за да го гледа финалето на Копа Либертадорес!

Навивач на Бока Јуниорс објави дека ќе присуствува на финалето на неговата екипа во Копа Либертадорес кое се игра на 4. ноември против Флуминенсе, но немаше ништо да биде чудно ако овој навивач пеш се упати на местото на одигрувањето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За овој Аргентинец да стигне до местото на одигрувањето на финалето ќе му бидат потребни 22 дена, ќе треба да помине низ Уругвај и да стигне до Бразил каде што исто така има пат до крајната дестинација.

Во овој момент тој е некаде на половина пат до Рио и од време на време објавува видеа на неговиот Инстаграм профил, а стана и популарен, па навивачите го бодрат да издржи во својот подвиг. До крајната дестинација има уште околу 1.400 километри пешачење.

Зборувајќи во едно од своите видеа откри и дека овој предизвик му направил проблеми во приватниот живот.

„Жена ми ме блокираше на Инстаграм и Фејсбук. Кога ќе стигнам во Рио ќе видам што ќе правам со мојот живот. Не знам дали ќе стигнам до целта, но ќе се обидам. Ако треба да ја поминам реката, ќе го сторам тоа, а ако се удавам, нека се удавам“, изјави навивачот во едно од своите видеа.

Финалето во Копа Либертадорес се игра на „Маракан“ во Рио Де Женеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…