Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Навивачи сведочат за хаос на „Вембли“: Се пуштаа луѓе без влезници, еден редар имаше џеб полн со пари!

Навивачи сведочат за хаос на „Вембли“: Се пуштаа луѓе без влезници, еден редар имаше џеб полн со пари!

Навивачите кои платија влезници за финалето на Европското првенство ги обвинија редарите на стадионот дека за пари пуштале луѓе без влезници на трибните.

Сведоци во разговор за лондонски „Тајмс“ раскажува дека на некои од нив им било страв да се спротистават на навивачите кои седнувале на местата кои биле предвидени за луѓето кои регуларно си имале влезница.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Бев во шок. Никогаш не сум видела нешто слично. Еден редар имаше полни џебови со пари кои му испаѓаа. Пушташе луѓе на стадионот без влезници. Ги предупредив другите редари што се случува. Еден од нив дојде до него, а тој му се закани“.

„Обезбедувањето беше на срамно ниво. Не можев да верувам дека воопшто нема полиција, тие дојдоа кога ситуацијата беше надвор од контрола“, раскажуваа револтирани навивачи.

Британските медиуми пишуваат дека ова е огромна дамка за земја која сака да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…