Maкедонскиот голман Столе Димитриевски вчера одбрани пенал против Барселона и така помогна на својот Рајо Ваљекано да дојде до победа од 1:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, после натпреварот Димитриевски стана херој и на Каталонците кои притискаа да си замине Куман. Раководството на Барселона упорно и покрај лошите резултати не го отпушаше Куман, така беше се до вчера по мечот со Рајо.




Поразот од Рајо ја прели чашата и кај Лапорта, па затоа Куман повеќе не е тренер на Барселона, а Столе Димитриевски се претвори во еден најглавните „виновници“ за неговиот отказ.
„Статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу““, порача еден фан на Барселона во објавата за отказот на Куман.
DIMITRIEVSKI DEBE TENER UNA ESTATUA FUERA DEL CAMP NOU✊✊✊
— Mr. Callapa (@CallapaMr) October 27, 2021