Дома Фудбал Навивачите слават: Гатузо се враќа во Милан!

Навивачите слават: Гатузо се враќа во Милан!

Новите сопственици со уште еден потег ги израдуваја навивачите на Милан, откако решија да му понудат на Џенаро Гатузо да биде тренер на младинците, пренесуваат италијанските медиуми.

Легендата на Милан кој цели 13 години со успех го носеше тој дрес ја прифати понудата и во наредните денови и фицијално ќе биде назначен за нов тренер на младинците на Милан.

По завршувањето на играчката кариера Гатузо заплива во тренерските води. Најпрво го предводеше Сион, потоа Палермо, на Крит и до неодамна беше тренер на второлигашот Пиза.

„Имав многу понуди од Серија Б и од Турција и немаше да прифатам да тренирам младинци во било кој друг клуб. Но, Милан е Милан и не се одбива“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заедно имаат 128 години, но пенал-драмата им го одзеде финалето!

Фабио, Тијаго Силва и Хулк го одиграа целиот реванш, но Флуминенсе остана без финале во Ко…