Дома Фудбал Навивачите се во транс, но две легенди советуваат Милан да не го доведе Ибрахимовиќ

Навивачите се во транс, но две легенди советуваат Милан да не го доведе Ибрахимовиќ

Дали се во право?

Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан изгледа е готова работа, барем така тврдат Италијаните.

Двете страни лесно се договорија, па „росонерите“ се во екстаза на и го очекуваат големото засилување.

Меѓутоа двете фудбалски легенди на овој клуб Алесандро Костакурта и Клаудио Џентиле не се согласуваат со овој трансфер.

„Да се прашувам јас, не би го довел Ибрахимовиќ во Милан. Доколку пристигнеше пред шест или седум години, тоа би било одлично, не само за Мичан, туку и за целиот италијанскиот фудбал“, изјави Костакурта.

Слично мислење има и Клаудио Џентиле.

„Би дал и пари за да го слушам на претставувањето како зборува само за себе. Но, мислам дека Милан треба да сврти нова страница“, изјави Џентиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…