Дома Фудбал Англија Навивачите на Јунајтед ќе протестираат пред дербито со Ливерпул

Навивачите на Јунајтед ќе протестираат пред дербито со Ливерпул

Навивачите на Манчестер Јунајтед планираат протест против сопствениците на клубот, семејството Глејзер пред дербито против Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед минатата сабота претрпе понижувачки пораз од Брентфорд со 4-0, кој го остави на последното место без ниту еден бод од првите два првенствени натпревари.

Една од навивачките организации на Јунајтед, The 1958, потврди дека планира протест пред натпреварот со Ливерпул на почетокот на следната недела.

„Натпреварот е можност навивачите на Манчестер Јунајтед да се соберат и да го покажат своето неодобрување на постапките на сопствениците. Тие поради нивната алчност систематски ја уништуваат најголемата институција во светот на фудбалот. Не можеме да дозволиме ова да продолжи“, соопштија од фан клубот.

Ова не е прв пат навивачите на Јунајтед вака јавно да го искажуваат своето незадоволство и минатата сезона исто така протестираа за време на дербито со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија прими гол за паметење

Шпанија игра со Ирак во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство, а по …