Група организирани навивачи на Манчестер Јунајтед утрово ја блокираа клупската база во Карингтон во знак на протест против сопствениците на клубот.
Според информациите тие ги блокирале двата влеза во базата и развиле транспарент: „Ние решаваме кога ќе играме“. „Глејзер надвор“ настојувајќи дека фановите треба да имаат 51% од акциите во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите од Англија фановите пристигнале во базата во 9 часот утринава, а некои од нив биле спречени да влезат во тренинг центарот. Потоа Солскјер и играчите имале разговор со фановите, кои потоа ги ослободиле влезовите во базата.
Вчера Џоел Глејзер им се извини на фановите за потегот Манчестер Јунајтед да влезе во Суперлигата, а директорот Вудворд најави оставка.
Breaking: Man United fans have blocked the entrance at the club's training ground in protest against the Glazers and plans to enter a European Super League.
— ESPN FC (@ESPNFC) April 22, 2021
They have made their way onto the first team pitch 😳
(via @RedIssue) pic.twitter.com/J2HBomUQ0f