Дома Фудбал Италија Навивачите на Јувентус му порачаа на Чан: Не зборувај, угледај се на Лихштајнер!

Навивачите на Јувентус му порачаа на Чан: Не зборувај, угледај се на Лихштајнер!

Вчера Јувентус го соопшти списокот играчи кои ќе настапуваат во групната фаза од Лигата на шампионите и на тој список не се најде Емре Чан.

За настапот во групната фаза од најелитното европско натпреварување Јувентус нема да смета на Марио Манџукиќ и Емре Чан.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манџукиќ не се огласил, веројатно тоа и го очекуваше, но Чан јавно зборуваше дека е незадоволен.

„Не можам да верувам. Разговаравме, а не добив никакво објаснување. Нервозен сум поради одлуката. Мора да разговараме повторно кога ќе се вратам. Екстремно сум шокиран“, изјави Чан.

„Минатата недела ми беше ветено нешто друго. ПСЖ дојде по мене, но јас одлучив да останам во Јуве. Условот беше дека ќе бидам во тимот за Лигата на шампионите. Да знаев дека ќе биде вака ќе си заминев од клубот“, изјави Чан за медиумите.

После оваа изјава на Чан следуваа реакции на навивачите на Јувентус на социјалните мрежи и главните пораки се Чан да го следи примерот на Лихштајнер кој своевремно се најде во иста ситуација. Тогаш Лихштајнер даде сосема спротивна изјава.

„Тоа што не сум пријавен за мене е дополнителен мотив да работам напорно и да покажам дека заслужувам да го носам дресот на овој тим“, изјави тогаш швајцарскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата на Баерн трпи огромни болки додека игра. По натпреварите не може нормално да седи

ЛЕРОЈ САНЕ беше еден од најопасните играчи на Баерн во победата од 1-0 над Арсенал во четв…