Дома Фудбал Италија Навивачите на Јувентус го навредуваа, Мурињо им одговори 📸

Навивачите на Јувентус го навредуваа, Мурињо им одговори 📸

Фудбалерите на Рома вчера беа поразени на гости против Јувентус со 1:0 во натпреварот од осмото коло во Серија А.

„Старата дама“ успеа да дојде до три бода, а херој беше Моис Кин кој постигна гол во 18. минута. Рома во финишот од полувремето можеше да дојде до изедначување, но Веретут не успеа да го совлада Шчесни од пенал.

Во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо кој доби свирежи од навивачите на „старата дама“.

Низ целиот натпревар можеа да се слушнат разни навреди на сметка на Португалецот, но и тој не им остана должен. Мурињо дигна три прсти алудирајќи на триплетата која пред 11 години ја освои со Интер, Јувентус од друга страна никогаш не успеал да стигне до такво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси го избра Родригез меѓу идните фудбалски ѕвезди

Лионел Меси го вклучи крилото на Комо, Хесус Родригез, на листата на млади таленти за след…