Дома Фудбал Италија Навивачите на Фиорентина: Оставете го Наполи да победи во недела!

Навивачите на Фиорентина: Оставете го Наполи да победи во недела!

Ривалството е огромна, но од клубот тврдат дека ќе одиграат чесно…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наполи следната недела и гостува на Фиорентина и после победата во Торино тоа би можела да биде клучна недела во борбата за Скудетото, со оглед на што Јувентус има гостување во Милано против Интер.

Помеѓу навивачите на Фиорентина владее поделено мислење.

Поголемиот дел од нив поради омразата кон Јувентус се за нивниот клуб да го пушти Наполи да слави, од друга страна други се потсетуваат на 2014 година и финалето на купот кога беа мета на насилните јужњаци.

Вчера во Фиренца, баш како и елиминацијата на Јувентус од Реал Мадрид се славеше, јасно тоа е поради ривалоството помеѓу овие два клуба. Поради изгубенатата титула во 1982 година и заминување на Роберто Баџо во Јувентус, но од друга страна од клубот секако најавуваат чесна борба.

„Секако дека ќе играме чесно, се бориме за Европа, ќе дадеме се од себе, не не интересира трката помеѓу Јувентус и Наполи“, тврдат од клубот.

Иначе, се очекува вистинска инвазија на Наполитанци во Фиренца и огромна поддршка за овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …