Навивачите на ПСЖ изгледа дека целиот гнев од раното испаѓање од Лигата на шампионите ќе го насочат кон Лионел Меси кој ја одработува втората година во Париз.
Имено, француските медиуми пренесуваат дека навивачите на ПСЖ на домашниот натпревар против Рен ќе го испратат Меси со свирежи и скандирање дека слободно може да го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Меси најмногу му се замерува што во четирите клучни натпревари во последните две сезони не се покажа како важен играч и не забележа ниту гол асистенција против Реал и Баерн. На тие четири натпревари (по два со Реал и Баерн) Меси имаше само три удари кон противничкиот гол, а се потсетува и дека Куртоа му одбрани пенал.
„Ќе испратиме свирежи до Меси во неделниот натпревар во Париз против Рен, тоа ќе го направиме затоа што и оваа година не направи ништ ово Лигата на шампионите, а од клубот е преплатен. Не го сакаме повеќе во клбуот“, порачале ултрасите на „светците“.
Договорот на Меси истекува на крајот од сезоната и последните најави засега се дека тие не одат во добра насока за продолжување на соработката. Меси за ПСЖ вкупно одигра 65 натпревари, постигна 29 гола и асистираше за 32.