Милан синоќа го загуби градското дерби од Интер со гол во последната минута, а денес навивачите излегоа со официјално соопштение.
Имено, најверните фанови или популарната „Курва Суд“ не е разочарана од поразот, туку од начинот на кој „росонерите“ играа на дербито.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тие преку соопштение ги искритикуваа фудбалерите, тренерот Гатузо и раководството.
„Дербито треба да се игра, да се бориш, да плукаш крв, да дадеш се од себе, а после може и да се изгуби. Вчера вие не направивте ништо! Засрамете се сите, вие кои излегувате на терен, тој кој ве праќа на терен и луѓето од раководството кои дозволуваат да играте на ваков начин. За ваква игра нема извинувања. Може да се загуби, но треба да се гине на теренот. Немате респект за милионите навивачи кои не спијат пред дербито и за нас кои стануваме од 4 часот наутро за да наместиме кореографија и 90 минути ве бодриме на терен. Бидејќи тие што го сакаат Милан се со него секогаш и покрај се“, стои во соопштението на навивачите.
La presa di posizione della Sud: "Vergognatevi tutti, da chi scende in campo a chi vi mette in campo. Non ci s… https://t.co/sB8nCTfFlw
— MilanNews.it (@MilanNewsit) October 22, 2018