Ливерпул во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите во Реал Мадрид ремзиираше 0:0 и така остана без пласман во полуфиналето со оглед на тоа дека „кралевите“ славеа со 3:1.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на терен го испрати најсилниот состав со која располага во овој момент. Напаѓаше Ливерпул, имаше свои прилики, но Реал одлично се бранеше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После натпреварот навивачите на Ливерпул пронајдоа една грешка на Клоп, за тоа сведочат коментарите на социјалните мрежи. Најголем дел од фановите се согласија дека Диого Жота требало да го започне натпреварот со оглед дека е во најдобра форма.
Жота во последните натпревари постигнуваше важни голови за тимот од „Енфилд“, а формата ја потврди и во дресот на репрезентацијата на Португалија. После повредата се врати на одличен начин.
Фирмино и Мане се далеку од вистинската форма, Салах вчера имаше проблеми со реализиацијата и критиките на навивачите не се без врска.
Жота доби прилика кон средината на второто полувреме, меѓутоа тоа не беше доволно.
Во полуфиналето Реал ќе играп ротив Челзи, додека во второто полуфинале ќе сесретнат ПСЖ и Сити.