Реал Мадрид со Килијан Мбапе од кого навивачите имаат големи очекувања веќе го освои првиот трофеј откако триумфираше во Суперкупот на Европа против Аталанта.
Мбапе во овој натпревар беше и стрелец со голот кој го постигна во второто полувреме. Навивачите го дочекаа Французинот со голема еуфорија, но неговото присуство значи за нив и поголеми трошоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, билетите по доаѓањето на Мбапе за новата сезона поскапеа за 70% во однос на првиот натпревар пред домашната публика во претходната сезона.
Реал во второто коло ќе игра дома против Ваљадолид, а најевтините билети за овој натпревар изнесуваат 95 евра, минатата година се продаваа по 55 евра. За најскапиот билет фановите сега ќе треба да издвојат 210 евра.
Инаку во Реал Мадрид билетите немаат стандардна цена и тие варираат во зависност од ситуацијата и противникот. Така може да се очекуваат поскапи влезници во дерби натпреварите против Барселона, Атлетико или друг противник. Сепак, треба да се знае и дека тој натпревар со Ваљадолид кој не е атрактивен противник е прв за Мбапе пред домашната публика, па затоа и цената можеби е повисока.