Италијанските медиуми од претходно најавуваат враќање на Ибрахимовиќ со некоја функција во клубот, a сега Швеѓанецот веројатно и го најави со мистериозна порака на социјалните мрежи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Работата би требало да е веќе договорена, а тоа може да се претпостави по објавената фотографија на Ибрахимовиќ на која напиша: „тик-так, тик-так“.
tic tac tic tac pic.twitter.com/4eA07M73Dq
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 7, 2023
Ова фановите го протолкуваа како одбројување до официјалната објава за негово враќање.
Најавите на медиумите се дека Ибрахимовиќ ќе добие улога во спортскиот дел на клубот, официјална потврда се очекува да има во наредните денови.