Дома Фудбал Навивачите бесни: Реал рекордно ја зголеми цената на билетите

Навивачите бесни: Реал рекордно ја зголеми цената на билетите

Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво откако минатиот месец ја донесе француската ѕвезда Килиан Мбапе.

Новата сезона во Ла Лига стартува викендов, а Реал својот прв натпревар на домашен терен ќе го игра за две недели против Ваљадолид. Цената на билетите за премиерниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ се движи од 95 и 210 евра.

„Кралевите“ ги зголемија цените на билетите, а навивачите не се среќни и прашуваат дали тие треба да го исплатат трансферот на Мбапе.

„Ова е големо поскапување. Очигледно го плаќаме трансферот на Мбапе“, реагираше еден од навивачите.

Реал минатата сезона оствари приход од 1,07 милијарди евра, што е за 27 отсто повеќе од претходната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ја шокираше фудбалската јавност и ја заврши кариерата

Лионел Меси одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе нема да го носи дресот …