Дома Фудбал Англија Навивачите бесни на Рашфорд: По поразот од Сити се забавувал до раните утрински часови?

Навивачите бесни на Рашфорд: По поразот од Сити се забавувал до раните утрински часови?

Maнчестер Јунајтед за викендот беше поразен во дербито против Манчестер Сити со убедливи 0:3, сега се појави информација за Маркус Рашфорд која воопшто нема да им се допадне на фановите на „црвените ѓаволи“.

Сезонава Рашфорд не е на нивото на кое се очекуваше да биде и постојано е критикуван за лошата форма, сепак Тен Хаг и понатаму му дава поддршка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивниот фудбалер сега е во центарот на вниманието затоа што наводно по поразот се забавувал во ноќен клуб до раните утрински часови. Медиумите на Островот пишуваат дека Рашфорд бил виден во популарниот ноќен клуб „Чинавајт“ кој се наоѓа во центарот на Манчестер.

Наводно таму неговите пријатели му го прославувале роденденот кој му е денеска и полни 26 години. Рашфорд одлучил да го прослави некој ден порано и тоа по поразот од големиот ривал што и не е баш паметен потег.

Информациите се дека тој се забавувал до раните утрински часови на само неколку часа пред почетокот на утринскиот тренинг на Јунајтед. Сезонава на 13 настапи Рашфорд постигна само еден гол и тоа е далеку од формата од минатата година кога постигна 30 голови и доби нов петгодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…