И покрај шпекулациите за негово заминување, Кејлор Навас ќе остане во Реал Мадрид, тврди еминентниот „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Навас со Реал Мадрид истекува во 2020 година, а оваа сезона со доаѓањето на Куртоа тој се пресели на клупата, па поради тоа почнаа шпекулации за негово заминување.
Меѓутоа 31-годишниот Костариканец не се плаши од конкуренцијата, па доби доверба од тренерите да брани во Лигата на шампиони.
„АС“ пренесува дека Навас нема проблем со статусот на втор голман и наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2021 година.