Дома Фудбал Навас експресно реагираше: Имам желба да заминам исто колку што имам желба да умрам

Навас експресно реагираше: Имам желба да заминам исто колку што имам желба да умрам

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас брзо се огласи откако Белгијанецот Тибо Куртоа пристигна во Реал Мадрид.

Според многумина Навас ќе го напушти клубот, но тој порачува дека нема таква намера.

„Нормално дека сакам да се борам за место во првата постава, имам желба да заминам исто колку што имам желба да умрам.“ – изјави Навас.

За Навас ова не е прв пат да има жестока конкуренција во Реал. Кога дојде во клубот бранеше Икер Касиљас, но Навас успеа да го остави на клупата, а после тоа Икер беше принуден да замине.

Кој на крајот ќе биде прв голман на Реал останува да видиме во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…