Дома Фудбал Му го исклучиле телевизорот за да не дознае за смртта на Марадона

Му го исклучиле телевизорот за да не дознае за смртта на Марадона

Додека целиот свет жали за Диего Марадона од еден човек се крие неговата смрт.

Најголемата слава Ел Пибе ја имаше во 1986. година кога Аргентина ја однесе на светскиот трон. Тогаш тренер на Гаучосите беше Карлос Биљардо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму Биљардо моментално е единствениот човек на светот од кој се крие смртта на Диего, а тоа го потврди неговиот брат, Хорхе.

„Му го исклучивме телевизорот на Карлос, не сакаме да дознае за смртта на Диего бидејќи го сака и ќе му биде многу тешко кога ќе дознае.“ – откри Хорхе Биљардо и додаде:

„За Карлос Биљардо беше син кој го немаше. Многу пати го земаше и го носеше со себе каде и да работи.“

Инаку, 82-годишниот Биљардо беше првиот селектор на Аргентина кој му ја додели капитенската лента на Гаучосите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…