Дома Македонски спорт Мак фудбал Мухамед Бајрами е новиот тренер на Македонија Ѓорче Петров

Мухамед Бајрами е новиот тренер на Македонија Ѓорче Петров

После високиот пораз од Брегалница (1:4) кој беше продолжување на кризата за Македонија Ѓорче Петров клубот се раздели со тренерот Александар Таневски.

Веднаш по заминувањето на Таневски започна и потрагата по негов наследник, а денес од таборот на „лавовите“ потврдија дека Мухамед Бајрами ќе биде новиот тренер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бајрами му беше прв помошник на Таневски, меѓутоа сега ќе добие шанса како прв тренер да го води тимот. Претходно повеќе од една година тој беше играч-тренер во Шкупи, потоа и само тренер и немаше лоши резултати.

Во редовите на Македонија Ѓорче Петров пристигна пред два месеци како засилување за стручниот штаб.

Фото: Македонија Ѓ.П

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…