Дома Фудбал Муслиу: Не беше лесно ама ова е спорт и ние сме професионалци

Муслиу: Не беше лесно ама ова е спорт и ние сме професионалци

Репрезентацијата на Македонија вчера го победи Косово и се пласираше во финалето од баражот за пласман на ЕП каде што не чека Грузија.

Пред дуелот со Косово Висар Мислиу беше еден од играчите кои имаа најголем притисок пред овој натпревар. Нашиот централен дефанзивец и по натпреварот призна дека му било тешко да игра против „своите“, но работат ја завршил како вистински професионалец.

„Пресреќен сум за пласманот во финалето. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека не е лесно да играш против „своите“, но ова е спорт, а ние сме професионалци и животот продолжува и по овој меч. Целта ни беше победа за да стигнеме чекор поблиску до остварување на сонот“, изјави Муслиу.

Рака на срце, Муслиу вчера беше еден од најдобрите во одбраната и во првото полувреме одлично реагираше при една изгубена топка на Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп повторно ќе има ултра-предизвик: 56 километри на „Крали Марко“

Ултра-дистанцата се враќа на програмата на „Крали Марко трејлс“ за 7 март 2027 година. Чет…