Дома Фудбал Англија Мурињо: 100 гола за еден дефанзивен тим и не е така лошо

Мурињо: 100 гола за еден дефанзивен тим и не е така лошо

Тотенхем вчера со 4:1 славеше против Кристал Палас и на тој начин „петлите“ дојдоа до бројката од 100 гола во сите натпреварувања оваа сезона.

По два гола за Тотенхем вчера постигнаа Бејл и Кејн. Четввриот како што споменавме беше вкупно 100-ти во сите натпреварувања. Од најдобрите пет првенства само Баерн има повеќе (106).
Мурињо често пати е критикуван дека игра дефанзивно, па сега во свој стил го прокоментира овој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако статистиката која ми ја дадоа е точна сме постигнале 100 гола оваа сезона. Тоа за дефанзивен тим и не е така лоша. Неделата која помина за нас беше добра. Три натпревари, девет бода. Следната недела играме важен натпревар во Европа, а потоа не чека Арсенал, ништо не може да биде подобро за нас од тоа освоиме девет бода на последните три меча“.

На табелата Жозе сега не размислува.

„Не размислувам на тоа. Не можам да ги контролирам другите тимови, не можам да контролирам што се случува на нивните натпревари. Наша работа е да освоиме колку што можеме повеќе бодови“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…