Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на дополнителни две години, дознава Скај Спорт.
Мурињо пристигна на Олд Трафорд во 2016. година, а потпиша договор на три сезони. Сепак, челниците на Црвените ѓаволи очигледно се задоволни од работата на Специјалниот и му понудиле нов договор на кој наводно тој се согласил. Скај Спорт пренесува дека клубот брзо ќе ја соопшти веста за продолжување на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да потсетиме, неодамна се зборуваше дека Жозе е назадоволен од работата на клубот бидејќи не му овозможиле неколку трансфери кој ги посакувал, но наводното доаѓање на Алексис Санчез на Олд Трафорд ќе биде позитивна работа која на крајот ќе се покаже како клучна за продолжување на договорот до лето 2021. година.
Јунајтед во овој момент се наоѓа на 2. позиција на табелата во ПЛ со 12 бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.