Дома Фудбал Англија Мурињо ја откри „вистината“ за односот со Погба

Мурињо ја откри „вистината“ за односот со Погба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо продолжува да тврди дека нема проблем со Пол Погба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми објавија дека „Специјалниот“ го предупредил Погба да не зборува јавно и доколку сака да замине да побара трансфер.

„Вистината е дека работиме заедно две години и неколку недели. Никогаш не сум бил посреќен со Погба отколку сега“, изјави Мурињо пред мечот со Брајтон.

Погба беше капитен за „црвените ѓаволи“ и постигна гол во првото коло од Премиер лигата против Лестер.

„Ве молам немојте да го поставувате во ситуација во која луѓето ќе мислат дека не е интелигентен. Јас и Погба никогаш не сме се расправале и размениле тешки зборови. Немам никаков проблем со него“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новиот тренер на Манчестер Сити гледа на Грилиш како клучна фигура

Енцо Мареска се очекува во наредните денови официјално да биде именуван за нов тренер на М…