Дома Фудбал Англија Мурињо ја отвори душата: За проблемите во Јунајтед и најголемите успеси во кариерата!

Мурињо ја отвори душата: За проблемите во Јунајтед и најголемите успеси во кариерата!

Жозе Мурињо даде опширно интервју за „ BeIN Sports“, и за прв пат после заминувањето од Манчестер Јунајтед.

„Специјалниот“ доби отказ од кормилото на „црвените ѓаволи“ пред еден месец, а сега отворено говореше за проблемите кои ги имал на „Олд Трафорд“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако Мурињо не се прослави на „Олд Трафорд“, сепак смета дека во Манчестер Јунајтед го имал еден од најголемите успеси во кариерата.

„Јас лично мислам дека тоа што завршив втор со Манчестер јунајтед во Премиерлигата е една од најголемите постигнувања во мојата кариера. Има луѓе што ќе речат, „Па тој е луд… има освоено 25 титули…“ Но јас стојам зад ова што го кажувам бидејќи луѓето не знаат што се случуваше зад сцената. Кога луѓето се од оваа страна на камерата, ги анализираат работите од друга перспектива“, изјави Мурињо.

Мурињо порача дека се уште е млад и припаѓа на „топ фудбалот“.

„Сакам уште да работам. Млад сум, а во фудбалот сум долго. Наскоро ќе наполнам 56 години и имам намера да останам таму каде што припаѓам, во топ фудбалот. Примаѓам на самиот крем на оваа игра и таму ќе останам“, заклучи Португалецот.

На крајот Мурињо индиректно го „пецна“ Погба со кого беше во лоши односи во Јунајтед.

„Една фраза на Сер Алекс Фергусон засекогаш ќе ја паметам „денот кога играчот е поважен од клубот, тоа значи крај““.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…