Дома Топ вести Мурињо ја одби Борусија Дортмунд – чека повик од Реал

Мурињо ја одби Борусија Дортмунд – чека повик од Реал

Жозе Мурињо ја одбил понудата да го преземе тимот на Борусија Дортмунд, бидејќи сакал да води клуб што има многу поголеми амбиции.

„Билд“ пред неколку дена објави дека Мурињо забрзано учи германски и се подготвува да го замени Лусиен Фавре во Борусија Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на „милионерите“ не се задоволни од резултатите што ги постигнува Фавре оваа сезона и стапиле во контакт со „Специјалниот“.

Меѓутоа, Португалецот ја одбил понудата на германскиот клуб, а причината за тоа е – Реал Мадрид.

Реал не ја започна добро оваа сезона, дури дојдоа до тоа еден натпревар да го дели Зидан од сериозно загрозување на позицијата во клубот.

Победата против Галатасарај ги смири страстите, меѓутоа, она што е проблем е што нема напредок во играта. „АС“ пишува дека Зидан не е сигурен и дека Мурињо ги ставил своите преговори со Дортмунд на чекање, надевајќи се на повик од Перез. 

Она што се укажува на желбата на Перез дека новата деценија ќе биде нов почеток и дека упорно одбива да преговара околу Погба, бидејќи тоа ќе ја затвори вратата на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …