Дома Фудбал Англија Мурињо ја објасни изненадувачката одлука во дебито за Тотенхем

Мурињо ја објасни изненадувачката одлука во дебито за Тотенхем

Жозе Мурињо денес дебитираше со победа на клупата на Тотенхем во лондонското дерби против Вест Хем.

Тотенхем победи со 2:3, а големо внимание пред натпреварот привлече одлуката на Жозе Мурињо да го остави Кристијан Ериксен на клупата за резерви.

После натпреварот Португалецот ја објасни својата одлука.

„Морам да почуствувам дека играчот тука. Овој натпревар беше многу важен за нас и треба да сфатам прво што Кристијан има во својата глава и во своето срце, а потоа да донесам исправна одлука. Во наредниот период ќе го дознаеме тоа“, објасни Мурињо.

Очигледно Мурињо не е сигурен дали Ериксен ќе остане во клубот, Данецот веќе неколку преодни рокови констатно се поврзува со заминување од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Млад талент од САД на радарот на Арсенал, Ливерпул и Челси

Арсенал, Ливерпул и Челси се заинтересирани за 18-годишниот лев бек Пејтон Милер, кој блес…