Дома Фудбал Германија Мурињо: Јас во Баерн Минхен? Зошто да не!

Мурињо: Јас во Баерн Минхен? Зошто да не!

Трофејниот тренер Жозе Мурињо би можел на лето да го замени Хрватот Нико Ковач на тренерското место во Баерн Минхен.

Германските медиуми пишуваат дека управата на Баерн ја разгледува опцијата за ангажирање на Мурињо, кој е слободен од минатиот декември, откако доби отказ од Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претходно беше објавено дека Мурињо може да се врати во Реал, но функцијата главен тренер на „кралскиот клуб“ ја презеде Зинедин Зидан.

Сега се погласни се шпекулациите дека од следната сезона би можел да седне на кормилото на Баерн Минхен, па се огласи и самиот Мурињо, кој не ја отфрли таквата можност.

„Никогаш не сум работел во Германија. Зошто да не? Ќе видиме што ќе се случи… Сакам да се обидам да ја освојам Лигата на шампиони со трет различен клуб, како и да стигнам до титула во 5-то различно првенство“, изјави Мурињо за португалските медиуми.

Баварците се борат за титулата во Бундес лигата, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани од Ливерпул и на тој начин го завршија настапот во ова натпреварување во осминафиналето.

Иднината на Нико Ковач во овој момент не е јасна. Пред неколку месеци беше на работ на заминување, но Баерн започна да игра подобро и ја надополни негативата во првенството зад „милионерите“ и сега заостануваат два бода. Дали Хрватот ќе остане сигурно ќе се одлучува по завршувањето на сезоната, а ако во Минхен останат без титула во домашното првенство многу веројатно е дека ќе има промена на тренерската клупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…