Дома Фудбал Англија Мурињо: Трофејот во ЛЕ би бил совршен крај на сезоната

Мурињо: Трофејот во ЛЕ би бил совршен крај на сезоната

mourinho

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека освојувањето на трофејот во Лигата на Европа би бил совршен крај на сезоната за неговата екипа.

Јунајтед и Селта синоќа на „Олд Трафорд“ одиграа натпревар без победник (1:1) во реваншот од полуфиналето на ЛЕ, па така англискиот гигант со вкупен резултат од 2:1 се пласира во своето прво финале во ЛЕ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јунајтед за трофејот ќе се бори против Ајакс. Финалето во Лигата на Европа на програмата е на 24. мај во Стокхлом.

„Оваа сезона беше многу тешка и неверојатно би било доколку ја освоиме ЛЕ. Имаме шанса да го освоиме трофејот, но и шанса да се вратиме во ЛШ“, изјави Мурињо по натпреварот.

Португалецот ги пофали и своите играчи, кои против Селта, како што изјави, се бореле до самиот крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…