Дома Фудбал Англија Мурињо се правдаше по поразот: Погледнете што има Челзи, а што имаме ние

Мурињо се правдаше по поразот: Погледнете што има Челзи, а што имаме ние

Toтенхем денес беше поразен од Челзи со 2:1 на „Стенфорд Бриџ“.

Не можеа Спарси премногу без вистински напаѓач, а токму на тоа се „вадеше“ Мурињо после поразот. Мурињо ги пофали своите играчи и повторно зборуваше за ситуацијата со напаѓачите во тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не се жалам на настапот на моите играчи. Резултатот можеше да биде и поинаков. Така е, како што е. Имаме уште три месеци до крајот, овие момци играат до границите на издржливоста. Погледнете го Челзи. Играа со напаѓач кој го освои Светското првенство, вториот напаѓач им е од репрезентацијата на Англија и беше на клупата, третиот од Белгија го гледаше на натпреварот од трибините. Ние игравме без напаѓач и немавме ниту еден на клупата, а двајца ни се во болница“, изјави Жозе

Челзи со оваа победа се зацврсти на четвртата позиција која им обезбедува настап во Лигата на шампионите и имаат четири бода предност во однос на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…