Дома Фудбал Англија Мурињо се пофали: Моите тимови секогаш ја поминуваат групата!

Мурињо се пофали: Моите тимови секогаш ја поминуваат групата!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во свој стил ја искоментира победата над Јанг Бојс во Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ потешко од очекуваното стигнаа до победа со гол во 91-та минута, но тоа значеше дека Манчестер Јунајтед е осминафиналист.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо после мечот не пропушти да потенцира дека нема сезона во која неговиот тим не се пласирал во нокаут фазата.

„Сакавме да започнеме агресивно, но притисокот беше поголем со секоја помината минута. Само најдобриот голман во светот можеше да не спаси во ситуацијата после паузата и тоа го направи. Доволно сум искусен за да знам како се добиваат вакви натпревари“, истакна Мурињо.

„Задоволен сум што ги израдував обижавателите на статистиката. Во 14 сезони во Лигата на шампиони, моите тимови 14 пати ја поминаа групната фаза. Во единствената сезона во која не учествував во ЛШ ја освоив Лига Европа“, се пофали Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…